Верижна сообраќајна несреќа се случила попладнево околу 17 и 30 минути на булеварот „Борис Трајковски“, во која е повредено едно лице.
До несреќата дошло кога се судриле три автомобили од марка Рено, Пежо и Форд, сите со скопски таблички.
Со возило на итната медицинска помош повреденото лице веднаш е прфрлено во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски.
Се очекуваат повеќе детали за несреќата.