Серија торнада ги уништија централните и јужните делови на САД во текот на викендот. Се стравува дека во разорните бури има најмалку 100 жртви во Кентаки, а над 70 се водат за исчезнати откако торнадото „преминало“ растојание од повеќе од 320 километри низ средниот запад и јужниот дел на САД, при што се уништени голем број згради, куќи и деловни објекти.
Моќните „твистери“, за кои метеоролозите велат дека се невообичаени во постудените месеци, уништија фабрика за свеќи и пожарна и полициска станица во мало гратче во Кентаки, урнаа дом за стари лица во соседниот Мисури и убиле најмалку шест работници во складиштето на Амазон во Илиноис. Луѓето беа оставени на милост и немилост на ураганските ветрови, а многумина не успеаја да ги спасат своите најблиски.
Повеќе од 30 торнада се пријавени во најмалку шест држави, вклучувајќи ги Мисури, Тенеси и Мисисипи. Гувернерот на Кентаки Енди Бешеар изјави дека торнадото е најразорното во историјата на државата.
New satellite imagery shows before and after of the Mayfield candle factory that was destroyed from last nights tornado. Several people were trapped in the factory after the tornado hit Mayfield, Kentucky. https://t.co/3D7RH4qq4F
Image: @Maxar pic.twitter.com/dFu0EvFj6f
— Breaking Weather by AccuWeather (@breakingweather) December 11, 2021