ВИДЕО| Мјузиклот „Mamma Mia!” ја одбележа 25-годишнината

Бјорн Улвеус, поранешен член на шведската поп група АBBА, рече дека е понизен од успехот на бендот додека им се придружил на актерската екипа и креаторите на мјузиклот „Мама Миа!“ во саботата да ја прослави својата 25-годишнина во Лондон

Во саботата, исто така, беше одбележана 50-годишнината од победата на ABBA на Евровизија во 1974 година со „Ватерло“, што ги катапултираше во светското внимание.

„Околу ова време вечерва, пред точно 50 години, стоев на друга сцена во друг град овде во Велика Британија“, рече Улвеус.

„Чудно е да се мисли дека веројатно немаше да стојам овде денес да не победевме. И оваа прекрасна авантура што ја нарекуваме Мама Миа! не би се случило“, изјави тој на публиката од сцената во Лондон.

Легендарните ABBA се основани од Улвеус, Бени Андерсон, Агнета Фалатског и Ани-Фрид Лингстад ​​во Стокхолм во 1972 година.

Мјузиклот „Mamma Mia!“, заснован на песни од Улвеус и Андерсон, премиерно беше прикажан во лондонскиот „Вест Енд театар“ на 6 април 1999 година. Напишан од Кетрин Џонсон, во режија на Филид Лојд, главните ликови се мајка и ќерка со тројца можни татковци.

Повеќе од 70 милиони луѓе ја виделе верзијата на мјузиклот во повеќе од 450 градови низ светот, на 16 различни јазици, според неговите креатори. Снимени се и два „блокбастер“ филма.

„Тоа е многу нејасно чувство. Повеќе се работи за благодарност и понизност отколку гордост затоа што знаејќи дека толку многу луѓе слушаа нешто што вие го создадовте и што ги направи среќни или тажни и им значеше толку многу во нивните животи, (дека) ме правите скромен“, рече Улвеус.