Играчот на гостите постигна прекрасен гол, а Келн прокоцка предност од 2:0 и им дозволи на гостите да освојат многу вреден бод во битката за опстанок.
Мајнц успеа да приреди подвиг и да анулира два гола негатива против Келн, за реми 2:2 во првиот денешен меч во 26. коло во Бундеслигата.
Помош за гостите стаса од африканската врска Авоњи-Кунде, а особено убав беше последниот гол на мечот. Кунде Малонг во стилот на Марадона и Меси претрча сам 40-на метри ги издрибла противниците на патот до голот и погоди за 2:2.
Sûrement le but de cette journée de Bundesliga il est signer Pierre Kunde, Magnifique but solo. pic.twitter.com/CkCzR7UXP5
— Amine_Zdf.mp4 (@Amine_Zdf_mp4) May 17, 2020
Ова беше прв меч за двете екипи по долгата пауза од два месеци поради пандемијата со Коронавирус, а ремито е праведен исход на мечот.
Келн остана на 10. место, сега со 33 бода, а Мајнц освои значаен бод во битката за опстанок. Сега се израмнети со Аугзбург со по 27 бодови, на двете позиции што се веднаш над опасната зона за испаѓање од Бундеслигата.