Македонија го совлада Израел со 1-0 со голот на Бобан Николов во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме.
Македонската фудбалска репрезентација одригра одлично прво полувреме во последниот меч од квалификациите за Европското првенство 2020, при што имаше по шест извонредни можности пред стигне до предност од 1-0.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=LABjPghEcWI&feature=emb_logo
И во вторто полувреме нашите фудбалери одлично одиграа, но не ги искористија приликите за гол.
Полска славеше со 3-2 против Словенија, па така ни овозможи историски пласман во квалификациите, трето место.
Фото: Екипа.мк