(ВИДЕО) Македонските претставници ја одржаа втората проба на Евровизија

Во Лисабон во четвртокот се одржаа вторите проби на евровизиските учесници, а овојпат беше дадена можност да гледачите да имаат увид во тоа како ќе изгледаат нивните настапи како што ќе биде за време на директниот телевизиски пренос.

Први на ред беа натпреварувачите од првата полуфинална вечер, меѓу кои и македонските  претставници „Ај кју“.

Поради промената на правилата од страна на организаторите, за разлика од претходните години, евровизиските новинари овојпат не смееја во целост да ги снимаат овие втори проби, така што комплетните настапи ќе ги видиме од директниот пренос во живо од главниот настан или на последната генерална проба на која своите гласови ќе ги дадат членовите на стручните жирија.