Белоруската полиција денеска приведе стотици демонстрантки против претседателот Александар Лукашенко.
Во исто време Министерството за надворешни работи соопшти дека ќе го разгледа можното учество на опозициската политичарка Светлана Тихановска на состанокот на министрите на ЕУ за мешање во внатрешните работи, пренесоа агенциите.
На претседателските избори на 9-ти август, Тихановскаја се натпреваруваше против претседателот Александар Лукашенко, кој владее со Белорусија 26 години. Според официјалните резултати, Лукашенко убедливо победи на изборите, но по изборите во Белорусија избија масовни протести поради, како што тврди опозицијата, манипулација со резултатите од гласањето.
Белоруското Министерство за надворешни работи соопшти дека ги информирало европските дипломати за својата позиција, објави новинската агенција „Белта“.
Руската државна новинска агенција претходно објави дека Тихановскаја се очекува да присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ следната недела.
Белоруската полиција приведе стотици претежно жени демонстранти во Минск, во судирот со околу 2.000 лица кои бараат оставка од Лукашенко.
Women were trying to reason with OMON officers but didn't get anything except for answers learnt by heart.
See those brave 'cameramen' walking around?It looks funny, but the scary truth is people get arrested and sentenced based on this footage.#Belarus video:@OnlinerBY pic.twitter.com/Rtt5KPpKhZ— Voices from Belarus (@VoicesBelarus) September 19, 2020
Демонстрантите кратко се судрија со полицијата, која потоа им го попречи патот и започна да извлекува луѓе од толпата еден по еден, рече еден сведок.
На една локација, десетици жени беа опколени од безбедносните сили во зелени униформи пред трговскиот центар , додека тие извикуваа „Само кукавиците тепаат жени!“
Bugünkü olaylarda yaklaşık 250 kadın gözaltına alındı.#BelarusProtest #BELARUS #girlspower #SonDakika #haberler #PoliceBrutality #polis #2020Elections pic.twitter.com/0ZHQ9I4Ns4
— Belarus Haber (@Belarus_Haber) September 19, 2020
Меѓу приведените е и 73-годишната активистка Нина Багинска, која стана икона на протестното движење откако му се спротивстави на вооружениот полицаец минатиот месец.
Поради насилниот одговор на Лукашенко на мирните протести, Европската унија разгледува нови санкции против владата на Лукашенко.
Европската унија ги прогласи изборите во Белорусија „ниту слободни ниту фер“ и го осуди насилството врз демонстрантите, кое го нарече „непропорционално и неприфатливо“.
Лукашенко одговори на ваквите проценки велејќи дека протестите се заговор на западните сили и неодамна обезбеди 1,5 милијарди евра помош од неговиот сојузник Русија.
Во Белорусија, од спорните избори, се одржуваат протести секој ден. Минатиот викенд, најмалку 100.000 луѓе излегоа на улиците на главниот град Минск.
Тихановскаја тврди дека таа е победник на изборите и избега во соседна Литванија неколку дена по гласањето, плашејќи се за нејзината безбедност во време на насилно задушување на отпорот на улиците. Таа вели дека протестите мора да останат мирни.