Германската канеларка Ангела Меркел повторно доживеа темор на целото тело во јавноста, а овојпат тоа се случи во средата при приемот со офиијалните почести на финскиот премиер Анти Рине.
Според очевиди, канеларката овојпат долго се тресела цело време додека биле интонирани националните химни на двете држави. Одеднаш канцеларката започнала да се тресе, додека шефот на финската влада не реагирал на она што се случувало со неговата колешка. Сепак, овојпат тресењето не било толку изразено како првите двапата.
Еден од портпаролите на германската канеларка изјави за медиумите дека Меркел и Рин по свечениот дочек го одржале состаникот како што било и предвидено. Подоцна, самата Меркел им изјавила на новинарите дека нејзината здравствена состојба е нормална и дека нема причина за загриженост.
Станува збор за третиот темор на канеларката Меркел во последните три седмици, кои се заблежани во јавноста. Кон средината на јуни во текот на официјалниот пречек на новиот украински претседател Владимир Зеленски, канцеларката одеднаш започна да се тресе, неколкупати ги смени позициите на рацете, обидувајќи се да го смири треморот. Тогаш инцидентот беше појаснет со наводна дехидрираност на Меркел.
Вториот пат тоа се случи при именувањето на министерката за правда Кристин Ламбрехт, кога заедно со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер присуствуваше на нејзината инаугурација во палатата Белви. Овојпат на Меркел пред камерите ѝ беше побудена чаша вода, која таа ја одби.
German Chancellor Angela Merkel seen shaking at a public event for the third time in less than a month. https://t.co/m1VjxkLGTE pic.twitter.com/KiofXVi3Us
— ABC News (@ABC) July 10, 2019