Во последниот натпревар од неделната програма на 13-то коло на шпанското фудбалско првенство, Барселона на својот „Ноу Камп“ повторно прикажа неубедлива и неефикасна партија, а победи минимално благодарејќи на погодокот на Лионел Меси во 76 минута.
За минималната победа на Барселона, придонесе и гостинскиот голман Фенрандез кој имаше десетина одбрани од кои неколку бравурозни со кои спаси погодок.
Барселона сега е осма на табелата со 17 бодови од 11 кола девет помали од водечките Реал Сосиедад и Атлетико Мадрид. Трет е Реал Мадрид со 23 бодови, но многу клубови во Примера поради здравствените протоколи имаат по меч или два помалку.
Реал Сосиедат претходно на својот терен киксираше против Еибар одигрувајќи само 1:1. Ова е шесто реми во низа на клубот од Сан Себастија, и се чини дека полека го губи здивот во трката за врвот на табелата.
Реал Сосиедад поведе со прекрасниот погодок на Андрер Баранчеа во 20 минута од околу 18 метри, а израмнувањето на гостите им го донесе Серхи Енрих во 65 минута.
Без побеник со идентичен резултат 1:1 одигра и Бетис и Вилјареал а Гранада со 1:0 забележа гостинска победа кај Елче.