Стрелец на погодокот беше Антоан Гризман, по фантастична акција што беше мат во три потега, а која стартуваше од феноменалниот Лионел Меси, а беше одлично продолжена од Жорди Алба, кој беше во улога на асистент.
Аргентинецот одигра уште еден добар натпревар, по неодамнешниот против Џирона (3-1) во кој постигна два гола и имаше една асистенција, со што покажа дека кавгата со управата е позади него и дека дава максимум за клубот кој сакаше да го напушти летово.