Момче облечено во костим на имагинарниот лик Џокер од филмуваната стрип серија за суперхеројот Бетмен, со нож нападнал во неделата патници во воз во ТЕфу во прфектурата Токио и притоа ранил 17 лица додека многу жители на јапонската престолнина оделе кон центарот на градот на забавата во пресрет на Ноќта на вештерките, известуваат медиумите.
Полицијата го уапсила 24-годишниот напаѓач на самото месето, известуваат медиумите. Еден маж во 60-те години бил без свест и критична состојба откако бил избоден, а очевидци изјавиле и дека напаѓачот излеал некоја течност во возот и предизвикал пожар.
Видео објавено на Twitter покажува голема маса луѓе како бегаат од вагонот на возот, каде што неколку секунди подоцна мала ексползија предизвикала пожар. Друго видо покажува како патниците брзаа да изнегаат од возот низ прозорците на платформата каде што возот вонредно запрел.
„Мислев дека тоа е шега за Ноќта на вештерките. Потоа видов маж како оди по овој пат, полека замавнувајќи со долг нож“, вели за новинарите очевидец прсетуивајќи се дека на ножот имало траги од крв и дека видел како другите патници панично бегаат кон друг вагон.
Нападот се случил на експресната линија „Keio“ кон Шињуку, најфреквентната железничка станица на светот, околи 20 часот по локално време.
Линијата „Keio“ делумно останала надвор од функција до доцна во неделата, кога јапонските избирачи излегуваат на избирачките места на изборите за долниот дом на парламентот. Телевизиските снимки покажуваа голем број пожарникаи, полицајци и возила на итната медицинска помош пред станицата каде што возот запрел.