ВИДЕО| Најмалку 16 загинати во двоен судар во Турција

Најмалку 16 лица загинале а уште 22 други се повредени во двоен судар во близина на јужниот турски град Газиантеп, соопштија локалните власти во саботата.

Тројца пожарникари, четворица припадници на службата за итна медицинска помош и двајца новинари се меѓу 16-те загинати, изјави гувернерот на Газиантеп, Давут Ѓул.

Според телевизискиот канал A Haber, на делницата кај Низип на автопатот Тарсус-Адана-Газиантеп, патнички автомобил удрил во возило на брзата помош и противпожарно возило паркирани на трасата, како и во возило за директно пренесува вести на агенцијата IHA, чии се двајцата загинати новинари.

Спасувачките служби прво стасале на место на несреќа на минибус, а потоа во нив се забил патнички автобус. Автобусот се превртел и лизгал 200 метри, погодувајќи го возилото на брзаа помош и на новинарската екипа.

Телевизијата NTV емитуваше снимки од местото на несреќата кои покажуваат извлекување на настраданите од автобусот, опишувајќи ја ситуацијата како „хаотична“.

„Многу е лошо, како да сме во војна. Загубивме двајца колеги“, изјави Саид Вакас дописник на IHA за Газиантеп, град блузи сириската граница.

 

www.cnnturk.com/action/embedvideo/6300a7b270380e130c50e34e