Ирачките милитанти истрелале неколку ракети врз багдадската утврдена Зелена зона во вторникот, додека втор дена продолжуваат спорадичните судири меѓу ривалските шиитски политички групации, пренесуваат агенциите повикувајќи се на воени извори.
На улиците во вторникот претпладнето нема цивили, додека во камионети низ градот се движат групи вооружени до автоматски пушки и рачни фрлачи на гранати.
Според сознанијата на телевизискиот канал Sky News Arabia, во Зелената зона, добро обезбедуван кварт од ирачката престолнина во кој се лоцирани владините згради и странските дипломатски мисии, истрелани биле четири ракети. Истовремено, телевизијата Al Arabiya, јавува дека во вторникот продолжуваат судирите во Багдад и во повеќе други квартови, како и во бројни други региони на Ирак, а во близина на комплексот на ирачкиот парламент, поранешната палата на сунитскиот диктатор Садам Хусеин, биле што биле користени рачни фрлачи на гранати RBG-6.
Според телевизијата Al Hadath досега во судирите кои избувнаа во понеделникот околу пладне загинале најмалку 30 лица, а телевизијата Rudaw, наведува дека се ранети најмалку 380 луѓе.
Пресметките меѓу приврзаниците на влијателниот шиитски клерик Моктада ал-Садр, поранешен водач на буната против САД со шиитските вооружени групации блиски на Иран избувнаа во понеделникот, откако повлекување од политиката објави Садр, поради неможноста да се формира влада.
Долготрајниот политички застој по изборите ланскиот октомври, на кој двата големи политички табора се бореа за власта, го остави Ирак најдолг период без влада и доведе до нов бран безредијата, додека Ирак се бори за закрепнување по две децении од американската инвазија и борбите со ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава (ISIS).
Овојпат судирите се водат меѓу групациите на шиитското мнозинство во Ирак, кое владее со разби комбинаторики, откако со американската инвазија во 2003 година беше соборен сунитскиот диктатор Садам Хусеин.
Моктада ал-Садр на политичката сцена се позиционираше како ирачки националисти кој се противи на секое странско мешање, без разлика дали станува збор за САД и Западот или, пак, за Иран. Ал-Садр е поддржан од милицијата во чиишто редови се илјадници припадници и има милиони лојални приврзаници ширум Ирак.
Неговите противници, кои политички се блиски на Техеран, контролираат десетици милиции обучени и вооружени од иранската војска, коишто го носеа главниот товар во копнената операција за уништување и потиснување на ISIS од големите области што до 2017 година ги контролираше во Ирак.
إطلاق نار كثيف خلال المواجهات بين سرايا السلام والميليشيات الموالية لـ #إيران وتدخل عناصر الجيش العراقي في المنطقة الخضراء#العراق #العربية pic.twitter.com/A6bkU75EDg
— العربية (@AlArabiya) August 30, 2022