(ВИДЕО) Над два милиона муслимани на Арафат на кулминацијата од хаџот

301

Како и секоја година, и понеделникот повеќе од милиона муслимански верници во неделата тргнаа на гората Арафат во близина на Мека во Саудиска Арабија, за да ја одбележат кулминацијата на годишниов аџилак.

По наголема горештини, аџиите извикувааа „Еве ме, Господе, одговарам на твојот повик. Еве ме“. На ридот ќе останат до самракот, молејќи се и рецетирајќи ајети од Куранот.

Мноштвото аџии тргнаа кон светата гора Арафат која се нарекува уште и Џеба ал-Рама или Гора на милосрдието, ридот на кој пророкот Мухамед пред повеќе од четиринаесет векови ја одржал својата последна проповед.

Хаџот започна во неделата со собир на верниците во пустинската долина Мина кај Мека, каде што ја минаа ноќта, облечени во белото платно без шевови, што симболизира еднаквост, верското единство и тежнеењето кон духовното обновување. До муслиманите се очекува да одат на хаџ барем еднаш во животот, доколку се здрави и имаат доволно пари за тоа.

Саудиските власти оваа година ги засилија безбедносните мерки на светите места во текот на сите пет дестинации од аџилакот кој започна во саботата, за да се спречи можност од стампедо како она од 2015 година коешто резултираше со голема трагедија. Според официјалните податоци на владата во Ријад загинале 769 лица, додека според податоците на странските влади, во стампедото кое се создаде во текот на ритуалот на каменувањето на сотоната загинале 2.287 луѓе што предизвика големи меѓународни критики, а некои извори од шиитски Иран, кој имаше најмногу жртви, дури споменуваат и бројка од околу 4.700 жртви.

Досега според извештаите хаџот годинава се одвива без проблеми.

Аџиите облечени во бело тргнаа во мугрите од долината Мина, каде што во саботата хаџот започна со молитва и молк, кон седум километри оддалечениот Арафат. Од пладне верниците учествуваат во заедничката молитва во џамијата Намера, подигната на местото каде што Мухамед се молел одејќи на аџилак, а остатокот од денот ќе го минат во молитва. Со заоѓањето на сонцето, аџиите ќе тргнат кон долината Муздалифаху, неколку километри, каде што ќе ја минат ноќта.

Во понеделникот ќе се вратат во Мина, каде што ќе жртвуваат животно во спомен на жртвата на прататкото Ирбахим (Авраам). Овој обред и го означува почетокот на големиот празник Курбан бајрам.

Празникот Курбан-бајрам е востановен во сеќавање за тоа како пророкот Ибрахим бил подготвен по заповед на Бога да му го принесе на жртва својот сакан син Исмаил. За таа покорноста и богобојажливост, Ибрахим е послан да жртвува овен, а синот да ја одбегне оваа судбина.

Преостанатите два дена од хаџот верниците ќе останат во Мина каде ќе го каменуваат црниот камен блок, симбол на сотоната (шејтанот) кај Џамарат, со што ја покажуваат својата подготвеност да се откажат од злото. Тоа е последниот и во историјата најпогубниот обред од аџилакот, во текот на кој во минатото во стампедата животите ги загубија илјадници луѓе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.