Петнаесетогодишната Русинка Јулија Липницкаја воодушеви со својот настап на Олипијадата во Сочи и стана најмладата освојувачка на златен медал на Олимписки игри.
Руската тинејџерка во моментот кога го освои златниот медал во уметничко лизгање имаше 15 години и 149 денови и воедно го собори рекордот кој го држеше Американката Тара Липински од 1998-ма година кога во Нагано со 15 години и 255 денови освои златен медал.
Липницкаја заедно со Евгениј Плушченко победија во екипното натпреварување и на својата земја и го донесоа првото злато на Олимпијадата.
Таа лизга од своја тригодишна возраст, а досега има освоено по четири златни и сребрени медали, а исто така ги држи рекордите за најмладата девојка која ја освоила титулата Европски шампион, а од синоќа и најмладата девојка која освоила Олимписко злато.