(ВИДЕО) Нова снимка од погодокот на ракети во украинскиот Boeing

Весникот The New York Times во вторникот ноќта на својата интернет страница објави нов видео-материјал кој се појави на социјалните мрежи и за кој се тврди дека е снимка од погодокот на две ракети во украинскиот патнички авион „Boeing-737.800“, кој по грешка беше соборен над Техеран утрото на 8-ми јануари.

Весникот потенцира дека биле во можноста да ја потврдат автентичноста на објавената снимка. Според The New York Times, снимката е направена со камера за видео надзор инсталирана на покривот на една од куќите во близина на ирански воен објект од каде биле наводно лансирани ракетите.

На видео записот се забележува како, веројатно, две ракети во интервал од половина минута го осветлуваат небото, последователно погодувајќи го авионот, што е придружено со силни сјаења. По извесно време на кадрите на небото се забележува различен сјаен објект кој се движи, кој според весникот е авионот.

Во написот се потенцира дека авионо продолжил со летот одредено време откако бил погоден, што го потврдуваат објавените кадри. Притоа The New York Times истакнува дека видеото, според неговото мислење, укажува на тоа дека врската со авионот била загубена уште по ударот на првата од двете ракети.

Минатиот четврток, исто така, The New York Times го објави едно од првите видеа на кој наводно е снимен моментот кога една од ракетите го погодува авионот кој со 176 патници и членови на екипажот полетал минатата среда во 6,10 часот од Техеран кон Киев. Во вторникот беше објавено дека Иранецот кој го снимил и објавил првото видео бил приведен од Револуционеранта гарда, која образложи дека тоа е сторено со цел да се разјаснат поединостите од инцидентот за кој одговорноста ја презема нејзин висок командант.