Сириската противвоздушна одбрана пресретнала и успешно соборила 71 крстосувачка ракета од 103-те коишто ги истрелале САД и нивните сојузници, изјави во саботата на брифинг со новинарите во руското министерство а одбрана началникот на Главната оперативна команда на Генералштабот на руската армија, генерал-полковник Сергеј Рудској.
Генералот, исто така, истакнал дека нема жртви меѓу цивилното население и војниците на сириската владина армија.
„Според прелиминарните податоци, нема жртви меѓу цивилното население и воениот персонал на сириската армија“, рекол Рудској. Додал дека овие информации ќе бидат дополнително проверени и објавени во јавноста.
Рудској, исто така, истакнал дека ударите на САД и нивните сојузници врз Сирија се реакција на меѓународната коалиција предводена од Вашингтон на успесите на владините сили на претседателот Башар ал-Асад во борбата со меѓународниот тероризам и воените успеси остварени на теренот.
Притоа генерал-полковникот истакнал дека ситуацијата во сириската престолнина Дамаск по американските удари се оценува како мирна.
„Во моментов ситуацијата во Дамаск и другите населени места во Сирија ние ја оценуваме како мирна“, изјавил Рудској.
Според руското министерство за одбрана, ракетниот напад врз воената и цивилната инфраструктура на Сирија бил изеден од американски авиони и бродови во заедничко дејствување со британските и француските воздухопловни сили, во саботата во периодот од 2,42 до 4,10 часот по македонско време.
САД заедно со Велика Британија и Франција утрото на 14-ти април изведоа ракетен напад врз Русија. Според досегашните податоци биле истрелани повеќе од сто крстосувачки ракети и проектили „воздух-земја“. Противвоздушните системи на сириската армија успеале да пресретнат повеќето од нив пред да ги достигна своите цели.
Според телевизијата Al Jazeera, нападите траеле околу еден час, а нивните цели биле девет локации на територијата на главниот град Дамаск, неговите предградија и остатокот од Сирија. Меѓу нив се воениот аеродром Меза, базата на силите за противвоздушна одбрана Касјун, како и областа во којашто е распоредена 41-та бригада на специјалните сили и на 105-та бригада на Републиканската гарда.
Сириската службена новинска агенција SANA објави спротивни инфомрации за целите врз кои е изведен нападот. „Непријателските медиуми се обидуваат да го преувеличаат обемот на ‘тројната агресија“, пишува агенцијата.
Шефот на комитетот на началници на Генералштабот на американските вооружени сили, генералот Џозеф Данфорд, изјави дека ударот биле насочен кон научно-истражувачкиот центар во близина на Дамаск, складишта за хемиско оружје, друг одделен склад и команден пункт близу градот Хомс.