Пакистан во петокот го ослободи заробениот индиски пилот чиј авион го соборија пакистанските водухопловни сили пред два дена кога кулминираа тензиите меѓу двете соседни нуклеарни сили, јави Reuters според чијашто оцена тензиите во регионот стивнале.
Телевизиските снимки го прикажале наредникот Абинанд Виртаман како ја минува пакистанско-индиската граница во близина на местото Вагах во попладневните часови по средноевропско време. Индиските функционери потврдиле дека пилотот е вратен и патен на лекарски преглед.
Индија и Пакистан дојдоа на самиот раб од отворена војна откако Индија во вторникот нападна логор за обука на исламистичката групација Џаиш-е-Мохамад (Војската на Мухаме – JeM) во делот на Кашмир кој е под контрола на Пакистан, а којашто ја презема одговорноста за самоубиствниот напад на 14-ти февруари кога беа убиени 44 припадници на индиските воени сили. Пакистан возврати и тврди дека во воздушната битка соборил два индиски авиона.
Кашмир, хималајска област со муслиманско мнозинство, е предмет на удири повеќе од 70 години, откако Велика Британија по завршувањето на нејзината колонијална ера на Индискиот потконтинент влијаеше врз одвојувањето на муслимански Пакистан и хиндуистичка Индија. Кашмир е поделен меѓу Индија која управува со Кашмирската долина и регионот со хиндуистичко мнозинство околу градот Џаму, потоа Пакистан кој ја контролира територијата на западот, и Кина која го контролира ретко населеното високо подрачје на северот.