ВИДЕО| Пет жртви и најмалку еден исчезнат во автобуска несреќа во Шпанија

Пет лица ги загубиле животите, најмалку еден патник се води како исчезнат а двајца се преживеани откако автобус слетал од мост и паднал во реката Лерез во провинцијата Понтеверда на северозападна Шпанија, пренесува во неделата весникот El Pais, повикувајќи се на локалната итна служба.

Двајцата преживеани, возачот на автобус и патни, биле извлечени од реката Лерез, каде што е силна струјата и голем протокот на водата поради обилните дождови кои го зафатија подрачјето на покраината Галција и ја попречува операцијата на пребарување и спасување, соопштија властите.

Преживеаните се пренесени во блиските болници со различни степени на повреди, се додава во објавата на властите. Притоа додаваат дека возачот имал негативни тестови на алкохол и дроги.

Автобусот на транспортната компанија „Monbus“ патувал меѓу градовите Луго и Виго и запрел во затворскиот центар во близина на местото на несреќата. Од засега неразјаснети причини слетал од коловозот на мостот и околу 21,30 часот по локално време паднал во реката.

Според првичните податоци, во автобусот имало вкупно девет лица, возачот и осум патници, изјавил регионален функционер. Спасувачките екипи во текот на ноќта морале да ја прекинат операцијата на два часа поради лошите временски услови и состојбата на теренот, пред да биде продолжена претпладнето.

Во неделата била лоцирана локацијата на остатоците на возилото, 500 метри низводно; а околу 14,30 часот и 30 минути е потврдено пронаоѓањето на петтото тело кое било оддалечено километар и половина и сѐ уште не е извлечено.