ВИДЕО| По 34 години, „Квин“ објави изгубена песна со Фреди Меркјури

Обожавателите на групата „Квин“ може да ја слушаат новата песна во изведба на Фреди Меркјури откако беше откриена „изгубена“ снимка од пред 34 години.

„Face It Alone“ првично била снимена за време на сесиите на британскиот рок бенд во 1988 година за нивниот легендарен албум „The Miracle“, но останала меѓу оние кои не влегле во конечната верзија.

Сите мислеле дека е изгубена, но откриена е кога продуцентскиот и архивскиот тим на бендот се вратиле на сесиите за да работат на претстојното реиздавање на албумот „The Miracle“.

Синглот е првата нова песна објавена со Меркјури по албумот на „Квин“ „Forever“ од 2014 година, која вклучува три досега неслушнати песни со пејачот, „Let Me In Your Heart Again“, „Love Kills“ и „There Must Be More to Life Than This“.

Нашироко фален како најголем фронтмен на рокот, Меркјури почина во 1991 година на 45-годишна возраст од компликации поврзани со сида, четири години откако му беше дијагностициран ХИВ.

Култниот рок бенд – составен од Меркјури, Брајан Меј, Роџер Тејлор и Џон Дикон – формиран во 1970 година и заедно создадоа хитови, вклучувајќи ги „Bohemian Rhapsody“ и „We Will Rock You“.

Зборувајќи за повторно откриената песна, Брајан Меј рекол: „Среќен сум што успеавме да ја најдеме. По сите овие години, прекрасно е да се слушнеме сите четворица.

Роџер Тејлор додаде: „Некако заборавивме на оваа песна, но таму беше, скриен мал скапоцен камен. Прекрасно е, вистинско откритие. Толку многу страст во неа“.

Песната пристигнува пред повторното издавање на 13-тиот албум на бендот, „The Miracle“, кој беше издаден во 1989 година, на 18 ноември. Албумот – кој ги вклучуваше песните „I Want It All“, „Breakthru“ и „The Invisible Man“ – го достигна првото место во Британија во тоа време.

Сега ќе биде достапен во формат на колекционерска кутија со осум дискови.

Колекционерското издание на „The Miracle“ ќе биде достапно од 18 ноември.