![kompir-svedski-nacin-1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/11/kompir-svedski-nacin-1.jpg?resize=640%2C350&ssl=1)
Подгответе вкусен компир на шведски начин. Компирот, секогаш е добредојден на нашата трпеза. Овој најнов начин на подготовка го осмислија Швеѓаните.
Идејата е компирот да се исече на парчиња, а притоа секој дел да се исполни со омилената состојка, сланина, риба или нешто трето.
Подготовка:
- Изберете компири со средна големина и тенка кора;
- Кората немојте да ја лупите, туку добро измиете го компирот;
- Исечете го тенкиот горен слој за компирот да стои рамно на подлогата;
- Ставете на даска и сечете на тенки кругчиња;
- Ставете малку масло за јадење или маст така што ќе се исполни секој дел и посолете;
- Ставете го компирот да се пече на 180 степени околу 45 минути до 1 час.
За побогат вкус пред крајот на печењето, додадете сланина или малку рендано сирење.