Поради растот на водостојот и поплавите, вонредна состојба е на сила во Осечина, Крупањ, Лозница, Љубовија, Мали Зворник, Ариље, Косјериќ, Лучани, Ивањица, Краљево, Љиг, Мионица и Владимирци.
Особено е критична состојбата во западниот дел на државата каде поплавени се десетици објекти, еден мост е урнат, а педесетина лица се евакуирани. Голем дел од локалните жители се уште не можат да пристапат до своите домови. Во прекин е и сообраќајот меѓу Ариље и Иваљица откако надојдената река однела дел од патот.
Splavovi na Ibru. pic.twitter.com/sMxESw22Ow
— Vladan (@bagraubica) June 23, 2020
„Водата е дојдена до влезната врата и немам пристап до мојата куќа. Ова што се случува е катастрофа.“
„Само што почнавме со реновирање на куќата ни се случи ова. Не знам што да кажам. Со сопругата и двете деца живееме кај пријатели.“
„Не можам да влезам дома. Има повеќе од еден метар вода“.
Kolubara, Valjevo 23.06. u 08:36. Iako je kiša padala čitavu noć, nivo vode je skoro isti kao i juče, tako da realno ne bi trebalo da bude većih problema u gradu. #Valjevo #Kolubara #poplave pic.twitter.com/AqmJXKZOAu
— Dimitrije Ilić (@ilicdimitrije) June 23, 2020
Вонредна состојба е воведена и во североисточниот дел на Босна и Херцеговина откако повеќе од 100 куќи и други објекти беа поплавени при излевање на неколку реки. Најтешко е погоден округот Тузла каде покрај поплавата се појави и лизгање на земјиштето. Поради поплавите, главниот пат што ја поврзува Тузла со Сараево е во прекин.
„Не знам што да кажам. Не можам да влерзам во сопствената куќа.“
„Има 10 до 15 куќи кои се поплавени. Речното корито е полно, а голем проблем ни прави и мостот.“
Свлечишта предизвикаа проблеми и на подрачјето на Сребреник, каде според Градската управа, поплавени се 27 објекти. Поплави се забележани и на подрачјето на Лукавица и Грачаница.