ВИДЕО| Пропалестинските демонстранти се искачија на покривот на австралискиот парламент

Пропалестинските демонстранти се искачија на покривот на зградата на австралискиот парламент во Канбера во четвртокот и развирија транспаренти, на еден од кои пишуваше дека „Палестина ќе биде слободна“, обвинувајќи го Израел за воени злосторства, покажуваат телевизиските снимки.

На видеото, луѓе облечени во темна облека може да се видат на покривот на една зграда, како развиоруваат црни транспаренти кои вклучуваат „Од реката до морето, Палестина ќе биде слободна“, вообичаен слоган на пропалестинските демонстранти.

Еден од демонстрантите го започна говорот користејќи мегафон обвинувајќи ја израелската влада за воени злосторства. „Нема да заборавиме, нема да простиме и ќе продолжиме да даваме отпор“, порача демонстрантот.

Неколку полицајци и чувари ги советуваа луѓето да не одат директно под демонстрантите на главниот влез на зградата, но се чини дека немало обид за отстранување на демонстрантите, изјави очевидец за Reuters.