(ВИДЕО) Првото во светот летачко такси претставено пред јавноста

Компанијата „Airbus“ го објави видеото на летот на првото летачко такси наречено Alpha One како дел од проектот Vahana.

Тестирањето било спроведено во американската сојузна држава Орегон и траело 53 секунди. Според податоците на дизајнерите, беспилотниот апарат може да понесе товар до 745 килограми, но има простор само за еден патник во кабината.

Аеротаксито работи целосно на електрична енергија и има неколку мотори. Од компанијата забележуваат дека моќноста на Vahana ќе му овозможи да се искачи на височина до пет илјади метри.

Развојот на „Alpha One“ започна во 2016 година, а компанијата „Airbus“ планира овој свој производ да го понуди на пазарот до 2020 година.

 

https://www.youtube.com/watch?v=gJrKmMM7vW0