Американскиот кошаркар Џејмс Харден ја одбележа ноќта кон неделата во НВА лигата, постигнувајќи дури 60 коша во победата на Хјустон Рокитс над Атланта Хоијс со 158:111.
Особено за одбележување е што Харден на паркетот ги мина само првите три четвртини, додека четвертата ја преседе на клупата, па да влезеше во ихра, можеби и ќе го нападнеше и рекордот на поранешната ѕвезда на ЛА Лејкерс Коби Брајант кој во 2006 година во мечот против Торонто Рапторс постигна 81 кош. Тогаш само „стоткта“ на Вилт Чембрлен ќе останеше недопирлива. Чембрлен во 1962 година постигнал рамно 100 поени за Филаделфија 76ерс во победата од 169:147 против Њујорк Никс, во годините кога во правилата не постоеше погодокот за три поена.
Харден, така, не го собори ниту сопствениот рекорд од 61 кош кој го постигна во дуелите против Сан Антонио Спарс и Њујорк Никс. Кога седеше на клупата навивачите го скандираа неговото име, а на семафорот се појави податокот дека му недостигаат само два поеан до личниот рекорд. Но Харден сепак не влезе во игра во последните 10 минути.
Воедно ова беше и четвртиот меч во кариератана Харден со 60 и повеќе коша со што се израмни со легендарниот Мајкл Џордан, а пред нив е само Коби Брајант кому ова му испеало шест пати, и неверојатниот Вилт Чрембрлен кој на дури 32 натпревари постигнал 60 и повеќе коша.
Во сенката на Харден одлична игра пружи и Бенм Меклемор кој постигна 24 поени со 13 скокови, додека Крис Клемонс додат 16 коша . Кај Атланта најефикасни беше Три Јанг со 37 коша и седум асистенции.
Рокитс од самиот почеток играа фантастично и веќе по првата четвртина имаа предност од 17 коша, која до заминувањето на полувремето уште се зголеми. Потоа следеше експлозија во третата четвртина која Хјустон постигна 46 поени и ја зголеми предноста на 56 коша. Хоукс до крајот на мечот само успеаја да го намалат водството на домашните.
Ефикасен дуел се одигра и во Милвоки каде што Бакс со 137:96 ги совладаа Шарлот Хорнетс. Домашните до победата повторно ги предводеше Јанис Антетокунмпо со 26 коша и 9 скокови, иако на паркетот мина само 20 минута, а ми недостигаше само еден скок за да ја продолжи својата низа од 19 последователни „дабл-дебл“.
Интересно е што сите пријавени 13 играчи на Бакс за овој меч се запишаа меѓу стрелците. Крис Мидлтон постигна 15, Весли Метјус 14, а Драан Бендер 12 коша. Кај противниците најефикасни беа Девонте Хреам, со 24 коша и пет асистенции, и Тери Розиер со 19 коша.
Филаделфија 76ерс во неизвесен меч ги победија Индијана Пејсерс со 119:116, а херој на дуелот беше Бен Симонс кој во последните 13,9 секунди украде дури три топки, а на крајот мечот го заврши со 15 копак, 13 асистенции, 6 скоковии 4 украдени топки. Џоел Ембид постугна 32 коша со 11 скокови, а Тобиас Харис 22 коша за Сиксерс, додека кај Пејсер најефикасни беа Ти Џеј Ворен со 29 и Малколм Брогдон со 28 коша.
Тесна победа изминатата ноќ постигнаа и Сакраменто Кингс кои на својот паркет со 100:97 беа подобри од Денвер Нагетс.
https://www.youtube.com/watch?v=JppBYG2PGHU