
Вечерва стартува Европското првенство со натпреварот меѓу Италија и Турција. За првпат дел од големите натпреварувања ќе биде и Македонија која својот прв натпревар го игра во недела против Австрија.
Голем дел од поранешните фудбалери испраќаат зборови на поддршка за нашата репрезентација која се повеќе и повеќе ги собира нивните симпатии.
Легендарниот Бразилец и веројатно еден од најталентираните фудбалери на сите времиња, Роналдињо испрати порака со поддршка за Македонија.