Командата за глобални удари на америкнските водухопловни сили објави видео од лансирањето на интерконтиненталната балистичка ракета (ICBM) „Minuteman III“, изведено од базата Ванденберг во сојузната држава Калифорнија.
„Тестовите покажааа дека нуклеарните средства за одвраќање на САД се сигурни, флексибилни и исправно подготвени за спречување на закабите на XXI век и претставуваат столб за поддршка на нашите сојузници“, се наведува во соопштението на американската команда.
Притоа се истакнува дека ова лансирање изведено пред најмалку две седмици, не претставува одговор на некои настани во светот или дека е поврзано со регионални конфликти.
Но објавата доаѓа откако Русија во средата објави дека напредниот противракетен систем „С-500“ бил тестиран во Сирија. Претходно во понеделникот руското министерство за одбрана објави, без дополнителни поединости, дека била успешно тестирана ракетата „Топол-М“ која има дострел од 5.500 километри, односно цела континентална Европа.
Пекинг, пак, во вторникот на големата воена парада по повод од 70-годишнината од основањето на комунистичка Кина, ја стави во фокусот интерконтиненталната ракета „DF-41“, која може да понесе неколку нуклеарни боеви глави и да ја достигне територијата на САД. Кина, исто така, забрзано работи и на развојот на хиперсоничните ракети „DF-17“, кои можат да се движат со брзина неколкупати поголема од брзината на звукот.
По лансирањето на американската „Minuteman III“, маневарската боева глава без полнење достигнала речиси 7.000 километри и погодила цел во областа на атолот Кваџелејн, Маршаловите острови, во Тихиот Океан.
Тристепенаите интерконтинентални балистички ракети со континентално базирање од типот „Minuteman “, беа наменети за нуклеарно враќање во текот на блоковската идеолошка Студена војна со поранешниот Советски сојуз. Проектилот „Minuteman III“ од 2018 година е единствениот интерконтинентален проектил со копнено базирање во арсеналот на американските сили.
Според последните достапни податоци од отворени извори, САД поседуваат 450 ракети Minuteman III“, кои во употреба ќе останат најмалку до 2020 година. Овие ракети се во составот на американската армија од 1970 година, а нивното производство е запрено во 1978 година. Ракетата може да достигне цел на оддалеченост од 12.000 километри.
https://www.youtube.com/watch?v=o43EB3e6mQQ