![brod edinburg 01](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/brod-edinburg-01.jpg?resize=640%2C435&ssl=1)
Најмалку 25 луѓе беа повредени во средата кога огромен истражувачки брод се преврте на страна на ткн „сув док“ во пристаништето во Единбург поради силните ветрови.
Снимките на британската телевизија покажаа дека бродот „The Petrel“ се навалил под агол од 45 степени.
Службите за итни случаи соопштија дека се повредени 25 лица. Има и исчезнати лица, пишува таблоидот The Sun.
Шкотската служба за брза помош соопшти дека 15 лица се пренесени во болница, а на 10 лица им била укажана помош на местото на инцидентот
Бродот, долг 76 метри, е порано бил во сопственост на починатиот коосновач на американскиот технолошки гигант „Microsoft“, Пол Ален.
Бродот беше ставен на долгорочно мирување во 2020 година, како резултат на „оперативните предизвици“ за време на пандемијата на Covid-19. Оттогаш не се користи.
Пред тоа, бил користен за пребарување во длабоки води на локации на бродоломи и воени гробници на море, вклучувајќи го и изгубениот тежок американскиот крстосувач „USS Indianapolis“ од Втората светска војна, кој беше откриен на длабочина од 5,5 километри под површината.
Бродот „RV Petrel“ беше опремен за специјалистички пребарувања пред да почине милијардерот Ален во 2018 година, откако веќе вети дека поголемиот дел од своето богатство ќе го посвети на филантропија и непрофитни научни истражувања.