(ВИДЕО) Шамбевски: Студентите во „Кузман Јосифовски Питу“ без парно и топла вода, бараме одговорност

Во студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ веќе подолг период нема парно греење, а тоа дека од четврти јануари па се до ден денес во студентскиот дом нема топла вода е тотална неодговорност и потценување на студентите, рече на прес конференција Борис Шамбевски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Во 21 век, во 2021 година македонскиот студент наместо да разговара за подобрување на условите во лабораториите, за концептот на образованието, ние се уште разговараме за топла вода. Директоре доста е со замачкување очи, а бидејќи разговараме за топла вода од вас не бараме одговори туку бараме одговорност – рече Шамбевски.