ВИДЕО: Со брутален криминал кумановската банда стекнала огромен имот

Тринаесет лица, сите од едно семејство, се уапсени во денешната полициска акција во Куманово и околината.

Полицијата информира дека оваа група осомничена за трговиија со дрога, оружје, инзуда, лихварство, перење пари и друго, во изминатиов период извршија низа брутални криминални дела и се стекнале со огромен имот.

„Криминалната група од 2004 година вршела исклучително брутални кривични дела, стакнувајќи се со огромна противправна имотна корист. Имено, станува збор главно за членови на едно семејство, кое што располага со огромен имот на подрачјето на Куманово и во своето злосторничко здружување најверојатно инволвирале и други лица, а кои голем дел од имотот го стекнале со препродавање хероин во Швајцарија“, велат од полицијата.

Дел од членовите на групата се уапсени во текот на изминативе години поради криминал во земјава и надвор.

Според првичните сознанија членовите на криминалната група се стекнале со огромни суми пари кои на различен начин ги легализирале, а досега се обезбедени поголем број предмети кои ќе се употребуваат во натамошната постапка, како што се изводи од банки за трансфери на пари и слично .

Полициските активности во Куманово се уште се во текот.

)