Младо момче се удавило попладнево во Преспанското езеро, во Претор.
„Во 18:18 часот во ПС-Ресен, од ИМП било пријавено дека во туристичката населба-Претор, во водите на Преспанското езеро, исчезнал И. М. (2004) од Ресен. На лице место се упатени Служби“, информира МВР.
Неофицијално до инцидентот дошло откако три лица се возеле на педалинка, и од непознати причини во еден момент педалинката се превртела. Две момчиња излегле на површината, додека едното не излегло од водата.
Според последните информации на ТВ21, момчето се уште не е најдено, а во потрагата се приклучиле и нуркачи од Охрид.
Порталот „Центар“ објави и видео каде што спасувачите се обидуваат да го пронајдат телото и да го извлечат од водите на езерото.
ВИДЕО: centar.mk