
Во полициската акција „Замка“ спроведена во раните утрински часовиуапсени се 24 лица, организатори и членови на криминална организација обвинети за шверц на 2,5 тони марихуана која од Албанија, преку Црна Гора, требало да пристигне до земјите од регионот и ЕУ. Секторот за борба против организиран криминал и корупција и Одделот за борба против шверц на дрога во Црна Гора ја организирале и спроведувале операцијата десет месеци во соработка со Специјалното и вишото државно обвинителство и меѓународни партнерски служби.
-Во досегашната истрага, со пресекување на шверцерските патишта што ги користеле членовите на оваа криминална група во 11 индивидуални заплени, била пронајдена и одземена половина тон марихуана. Истата група се товари за шверц на два и пол тони марихуана – велат од полицијата.
Во полициското соопштение наведено е дека во обемната акција учествувале 180 полицајци – припадници на Специјалниот полициски сектор, Граничната полициска станица Улцињ и безбедносните центри во Никшиќ, Херцег Нови, Бар и Подгорица.
За време на акцијата биле одземени пет возила, глисер, пиштол и ловечка пушка, како и вага за прецизно мерење, пари, неколку телефони и СИМ-картички.