Радикалното движење Талибан во порака за медиумите ја презема одговорноста за уривањето на авионот во понеделникот утрото во источен Авганистан, и притоа додаваат дека собориле американско воено летало.
„Авион на американските окупатори е урнат во покраината Газни“, навел портпаролот на талибаните Забиула Муџахид во изјавата на паштунски јазик, додавајќи дека сите членови на екипажот во авионот загинале“, пренесуваат агенцијата AFP и телевизијата Ariana News.
Првично, претставници на авганистанската влада изјавија дека во источната покраина Газни, која е под контрола на талибаните, веројатно се урнал патнички авион „Boeing“ на воздухопловната компанија „Ariana Afghan Airlines“, кој се урнал и експлодирал. Но наскоро од компанијата којашто е во сопственост на владата во Кабул соопштија дека двата нивни утрински лета од Херат и Кабул и од Херат до Делхи биле изведени безбедно.
Авганистанскате телевизија Tolo News објави видеоснимка од местот на падот, на кој се гледа ознаки на американските воздухопловни сили, но автентичноста на овој материјал сѐ уште не е официјално потврдена.
Агенцијата The Associated Press, повикувајќи се на снимките, објави дека веројатно станува збор за авион од типот „ Bombardier E-11A“, кој силите на САД го користат за електронско разузнавање во Авганистан. Претставници на американската војска во регионот соопштија дека ги проверуваат овие информации, но некои извори потврдиле дека станува збор за „мал воен“ авион.
Another video footage shows more details of U.S. military plane that crashed in #Afghanistan‘s eastern #Ghazni province. pic.twitter.com/gTVWVdyYnK
— Press TV (@PressTV) January 27, 2020
UPDATE
U.S. officials: Plane that crashed in #Afghanistan was small military plane pic.twitter.com/fStLzNY1Kl— Press TV (@PressTV) January 27, 2020