Танкерот кој го запленија поморските сили на иранската Револуционерна гарда во Персискиот залив под сомнение дека криумчарел нафта за некога арапска земјата е во сопственост на соседен Ирак, објави во неделата вечерта иранската новинска агенција IRNA, повикувајќи се на сооштение на командата на елитните ирански единции.
Според бригадниот генерал на Вториот корус на военопоморските сили на Иранската револуционерна гарда (IRGC), Рамзан Зирахи, танкерот бил запрен недалеку од островот Фарси во Персискиот залив. Според aгенцијата IRNA, танкерот под име „Хита“ бил пресретнат на околу 30 километри од иранскиот остров.
Официјален Багдад засега не ги коментираше овие наводи.
Претходно во неделата, Гардата потврди дека запленила странски танкер со криумчарена нафта во водите на Персискиот залив. Според соопштението, со пловилото биле превезивани 700.000 литри криумчарено гориво во „некоја од арапските земји“ и било пресретнато во средата на 31-ви јули. По запирањето, танкерот бил однесен во градот Бушер, каде што е притворен екипажот кој го сочинувале седум лица од различни националности.