ВИДЕО| Уништени 800 украински борци и база на платеници кај Харков, објави Москва

Во текот на изминатото деноноќие во текот на украинската офанзива на источниот и северниот дел од Украина, руското воено воздухопловство уништило позиции на украинската војска и на странските платеници чии загуби изнесуваат 800 лица, соопшти во вторникот руското Министерство за одбрана.

Откако украинскиот Генералштаб минатата седмица објави дека започнува противофанзива во источен и северен правец, во која според западни воени извори се проценува дека се ангажирани околу 40.000 борци, во саботата руската војска објави дека само во периодот од 6-ти до 10-ти септември во воздушните и артилериски удари во Харковската област биле убиени околу 4.000 украински војници.

Руската војска во редовниот дневен брифинг наведува дека со „високопрецизни воздушни удари“ биле погодени позиции на единиците на 95-та дестано-јуришна бригада на украинската војска во областите на Славјанск и Константиновка, на 115-та механизирана бригада во областа Артемовск и 53-та механизирана бригада во областа Курдјумовка.

Покрај тоа, Министерството за одбрана на Русија соопшти дека биле нападнати и единиците на 35-та бригада на морнаричката пешадија во областа Березњеговатој, 57-та моторизирана пешадиска бригада во областа Мурахивка во регионот на Николаев, 128-та планинска јуришна бригада во областа Балабино во регионот Запорожје, како и 14-та механизирана бригада беа погодени во близина на градот Харков.

Во областите каде што Киев најави нова противофанзива во Запорожје и Николаев, руските воздухопловни, артилериски и ракетни сили нападнале и уништиле 12 командни центри на украинските вооружени сили, како и 152 позиции на концентрација на жива сила и воена опрема, се додава во објавата на руското Министерство за одбрана.

„Оперативни тактичката и армиска авијација, ракетни сили и артилеријата погодија 12 командни пунктови во областите на населените места Серебријанка, Верхнекаменское, Ивано-Даревка, Веселе, Соледар, Заицево и Павловка на територијата на Доњецката Народна Република, Успеновка во регионот Запорожје, регионот Широкое, Киселевка и Новогригоревка во регионот Николаев, како и 47 артилериски единици, жива сила и воена опрема на вооружените сили на Украина во 152 области“, се додава во објавата.

Во Харковската област, каде што Киев наведува дека украинската војска под контрола заземала повеќе од 20 населени места, а Москва објави дека ги прегрупирала и повлекла своите малубројни единици од регионот, во вторникот била уништена база на странските платеници, објави агенцијата РИА повикувајќи се на видео материјал добиен од припадник на безбедносните служби.

Според соговорникот на агенцијата, базата на странските платеници била откриена во населба во Харковската областа, каде од цивилните куќи биле направени складишта за муниција и огнени позиции. Базата била откриена и точно лоцирана со помош на дрон, по што следел минофрлачки напад.

На снимката се гледа погодок во објект кој е идентификуван како магацин за гориво, како и куќи кои служеле за штаб и огнени позиции на странските борци ангажирани во украинската војска. Во нападот платениците претрпеле загуби и во жива сила, а евакуацијата на ранетите и загинатите се одвивала со квадроцикли.

„Обичните единици немаат таква опрема, на интернет собираат пари за стари возила ‘нива’. Присуството на квадроцикли и баги возила укажува дека станува збор за специјална единици“, рекол соговорникот на агенцијата додавајќи дека меѓу платениците имало најмалку еден „црнокож“ борец.