Силно невреме денес го погоди Ниш, покрај дожд, паѓал и град со големина на орев.
Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) претходно предупреди на силни дождови, грмотевици и град.
Како што дознава Танјуг, во зградата во која се одржува музичкиот фестивал „Нишвил“ се поплавени подрумските простории. Неколку улици се поплавени и во општината Палилула, каде според зборовите на граѓаните, до некои куќи не е можно да се пристапи поради големите количини на вода.
Како што е наведено на сајтот на РХМЗ, облачноста со силни дождови, грмотевици, град и силен ветер се движи кон Пирот, пишува „Б92“.
A posle vrelog dana…#nevreme #grad #Niš #oluja pic.twitter.com/yNaiOXHrTR
— Vlada Stamenkovic (@Vlada222) July 15, 2021