(ВИДЕО) Вработените во ОХИС разочарани од средбата во Владата, најавуваата жалба во Стразбур

Претставници на поранешни вработени во АД ОХИС кој е во стечај, во петокот во Владата имаа средба со министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија Зоран Шапуриќ, по што изјавија за медиумите дека се целосно разочарани од средбата со владините претставници..

Работниците конкретно во ОХИС АД и во сите негови друштва имаа не примено по 24 плати и требаше владата да ги покрие, а сега испаѓа дека од сите тие побарувања ќе се наплати зависно од друштвото, на пример за АД 1,6 проценти, за ОХИС Билјана 8 проценти и слично, што е нормално многу поразително за работниците кои што до сега патем немаа никакви информации што би можеле да очекуваат, вели Марија Анчева генералниот секретар на синдикатот за индустрија, енергетика и рударство.

Додаде  дека понатаму ќе ги видат правните можности кои им стојат на располагање и дали правобранителот може да им помогне.

-Сумата која треба да ја земат работниците е од 100 денари, па до 12 илјади денари, тоа е смешно, за 24 плати кои ни ги должат некои да земат само по 100 денари, а некои и по 68 денари, тоа е смешна сума и што е најтрагично од таа сума што ОХИС е продаден наводно околу 7 милиони евра, а од тие пари само еден милион се дава за да се подмират сметките во ЕВН, комунална хигиена и платите, а другите шест милиони ги нема никаде, каде се тие пари? Прашуваат вработените од пропаднатата фабрика.

Велат дека тие пари се одработени, а сега некој сака да им ги земе, доколку не се реши проблемот со народниот правобранител најавуваат жалба во Стразбур.