(ВИДЕО) Земјотрес со магнитуда 8 го погоди Перу

Земјотрес со магнитуда 8 според Рихтер е регистриран во неделата на северот од Перу, соопшти американскиот Голошки институт (USGS).

Првично американските сеимолози јавија за потрес со магнитуда од 7,5 но подоцна ја прецизираа неговата моќност.

Според неговите податоци, епицентарот на подземниот удар се наоѓал на 85 кимлометри југоисточно од градот Лагунас, кој има околу 9.000 жители, во областа Сан Мартин . Жариштето на потресот било на длабочина од 115 километри.

Засега нема информации за настрадани и материјални штети од земјотресот кој се сличил во 7,41 часот по локално време, или 9,41 часот по македонски време. Сепак, на социјалните мрежи се појавија снимки од штети, за кои се вели дека настанале како последица од потресот кој бил почувстуван и во Еквадор и Колумбија.