Фудбалерите на Вилјареал остварија гостинска победа кај Бетис од 2:0 во 33-то коло на шпанската Примера и продолжија со победничката серија која ги доведе до петтото место на табелата.
До победата Вилјареал ја доведоа погодоците на Жерард Морено во 6 минута во пенал и во 30 минита, а Бетис во 45 минута остана и без исклучениот Фекир.
„Жолтата подморница“ сега е петта со 64 бодови, само три бода помалку од Севилја којашто го држи последното место кое води во Лигата на шампионите. Бетис, пак, остана на 37 бодови и на 13-то место.