Вишеградската група ќе го бојкотира мини-самитот на ЕУ

Земјите од Вишеградската група, коишто заговараат построг пристап кон имигрантската криза во Европската унија, порачаа во четвртокот дека не сакаат да учествуваат на мини-самитот за оваа тема кој во недела во Брисел го организира Европската комисија, а кој се толкува како знак на поддршка за германската канцеларка Ангела Меркел чијашто позиција и седумдецениска коалиција е разнишана токму поради нејзината либерална политика во однос на прашањето на доселувањето,

Премиерите на Унгарија, Чешка, Словачка и Полска, кои се собраа на средба во унгарската престолнина Будимпешта, го доведоа во прашање легитимитетот на споменатиот мини-самит во Брисел, но ќе учествуваат на редовниот самит на ЕУ кој е закажан за 28-ми и 29-ти јуни, исто така, во белгиската престолна.

Претседателот на Европската комисија, Доналд „Туск е одговорен за организацијата на самитот, а не Европската комисија. Сфаќаме дека ќе се одржи мини-самит, но ние на него нема да учествуваме бидејќи тоа не е во согласност со вообичаеното функционирање на ЕУ“, порача унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Мини-самитот во недела е неприфатлив, нема да учествуваме на него, тие сакаат повторно да го заживеат стариот предлог којшто ние веќе го одбивме“, додаде полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

На мини-самитот би требало да учествуваат најмалку десет челници на земјите членки на ЕУ, вклучително и францускиот претседател Емануел Макрон. Состанокот е закажан во моментот кога германската канцеларка Ангела Меркел е изложена на голем притисок од баварските коалициски партнери Христијанско-социјалната унија (CSU) да зазема пожесток став во однос на имигрантската криза чиешто ново разгорување се очекува.

Италија во меѓувреме порача дека сепак ќе учествува на мини-самитот, иако првично се закани со бојкот, тврдејќи дека заклучоците од него веќе се напишани. Италијанскиот министер за внатрешни работи и лидер на владејачката десна противдоселечничка партија Лига, Матео Салвини, порача дека прво очекува „корисен предлог за заштита на границите, безбедноста и правата на вистинските бегалци“, а не „домашна задача којашто однапред ќе ја зададат Французите и Германците“.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте, предлог на антиестаблишмент и европскептичното Движење пет ѕвезди, меѓутоа, во четвртокот попладнето на Facebook објави дека ќе учествува на споменатиот мини-самит откако телефонски го повикала Меркел „загрижена“ поради можното изостанување на Италија.

„Ѝ потврдив дека би беше неприфатливо да учествувам на тој самит со веќе разработен документ… Канцеларката ги разјасни работите велејќи дека се случило ‘недоразбирање’: нацртот од документот објавен вчера (во средата) ќе биде отфрлен… Средбата нема да биде заклучена со пишан документ, туку само со резиме по прашањата за коишто се разговарало и за коишто ќе продолжиме да разговараме на европскиот самит следната седмица“, напиша Конте.

Нацртот од заклучоците од состанокот кој доправа треба да се одржи во петокот, од средата се појави во повеќе европски медиуми, а предизвика остра реакција од официјален Рим, бидејќи според пишувањето на италијанските медиуми, не се земаат доволно предвид прашањата на заштитата на границите на ЕУ и се фокусираат на распределбата на имигрантите кога тие веќе ќе пристигнат на европскиот континент.

Конте во средата на Туск му соопшти дека Италија „не е подготвена“ да разговара за „секундарните движења“ односно распределбата на имигрантите во рамките на ЕУ, а претходно да не биде решено прашањето на нивното доаѓање на нејзината територија, „со што Италија се справува самата“.

Земјите од Вишеградската група, исто така, од пред повеќе од две години се противат на распределбата на имигрантите и барателите на азил според задолжителните квоти за земјите членки на ЕУ, којашто беше донесена под влијание на администрацијата на Брисел.