Вкусна кинеска салата со ориз

Одлична салата, спој на ориз со кисел зеленчук, печурки и шунка и слатки колачиња со чоколадо и ореви.

Потребно:

300 гр ориз

50 гр шунка

50 гр кашкавал

50 гр кисели краставички

50 гр кисели моркови

50 гр шампињони

50 гра грашок

50 гр маслинки

50 гр кисели пиперки

50 гр сецкана туна

1 лажица мајонез

250 грама мешан зеленчук

За прелив :

250 мл кисела павлака

1 лажица мајонез

Подготовка:

Најпрвин се вари оризот и кога ќе биде готов, се става во цедилка и е се мие со студена вода. Внимаваме при варењето зрната ориз да ни бидат цели. Потребните  состојки ги сецкаме ситно, и на крај убаво ги мешаме со преливот. Послужете ја со кифлички, а одлична е за претстојните празници.