![талески](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/taleski.jpg?resize=679%2C381&ssl=1)
Поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талевски е осуден на осум години затвор за злоупотреба на службената положба во предметот „Транспортер“.
Од 20-те обвинети со него, десет се осудени на вкупно 28,9 години казна затвор, а останатите десет пак добија по две години условна казна затвор која ќе се активира доколку некој од нив стори кривично дело во рок од пет години.
Судијката Добрила Кацарска денеска пред двајца обвинети и четворица адвокати ја прочита пресудата во која наведе дека обвинетите се виновни за злоупотреба на службена положба и овластување,
Предметот на јавното обвинителство кој се однесува во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра го застапуваа обвинителите Љубомир лапе и Трајче Пеливанов.
Во предметот „Транспортер“ беа обвинети вкупно 21 лице и одговараа за злоупотреба на службената положба. Според пресудата тие се виновни бидејќи спротивно на Законот за јавни набавки го организирале превозот на ученици во Битола за што општината плаќала повисока цена кон превозните компании од првично договорената сума.