Душан Влаховиќ го одбележа првото полувреме на денешните мечеви од Лигата на шампиони. Новото засилување на Јувентус му донесе водство на својот тим само по 32 секунди од почетокот на натпреварот.
За Србинот ова е дебитантски настап во елитното натпреварување на УЕФА, но сепак неговиот гол не е најбрз дебитантски погодок во ЛШ. Во 2015 година, на дуелот Севилја – Борусија Менхенгладбах, Евген Конопјанка постави рекорд кој ниту Влаховиќ не успеа да го сруши.
Украинскиот фудбалер влезе во 84-тата минута и само по 19 секунди поминати на теренот во дебито од Лигата на шампионите, успеа да даде гол, и тоа со првиот допир со топката. На Влаховиќ му беа потребни 32 секунди.
https://twitter.com/wyngback/status/1496214667445874701?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1496214667445874701%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fuefa%2Fna-vlahovikj-mu-trebaa-32-sekundi-za-debi-gol-vo-lsh-video