Влхова предвреме го заврши учеството на ЗОИ поради повреда

Победничката во слалом Петра Влхова предвреме ги заврши настапи на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг и поради повреда нема да се појави во трките во спуст и во алпска комбинација, во која беше меѓу главните конкурентки за златното одличје.

Словачката скијачка ги откажа двата настапи поради воспаление на тетивата на левиот скочен зглоб и ќе се фокусира побрзо да се рехабилитира за претстојните настапи во продолжението на Светскиот куп во кој Влхова го брани Големиот кристален глобус освоен минатата сезона.

-Постигнувајќи ја целта со освојувањето на златото во слалом и земајќи го предвид овој мал проблем, приоритет ставаме на следните цели и не сакаме да ризикуваме да ги влошиме работите со настап во комбинација, изјави денеска нејзиниот тренер Мауро Пини.