ВМРО-ДПМНЕ: Бранејќи го Шилегов, Весковски призна кривично дело

Штотуку Душко Весковски призна дека започнал и завршил со реконструкција на водоводна мрежа на улица „Варшавска“, па потоа спровел јавна набавка, реагираат по демантот на директорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.

„Аман Дуле не го брани Шилегов, штотуку призна кривично дело.

Директорот на ‘Водовод и канализација Скопје’, Весковски призна кривично дело според член 353 од Кривичен законик.

Во самиот демант на Весковски се гледа и докажува дека аукцијата и јавната набавка е направена на 1-ви октомври 2020, а реконструкцијата на улицата Варшавска е започната на 14-ти јули и завршува на 20-ти август 2020.

За целата криминална постапка од над 18 милиони денари на Весковски и Шилегов дополнителни цврсти докази и детали ќе следат во текот на утрешниот ден во која се потврдува дека фирмата КБК Инжинеринг градела пред набавката“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.