ВМРО-ДПМНЕ: Да се изолираат полициските провокатори на Спасовски и лицата со маски, тема на протестот е асимилација од Бугарија на Македонија

Осудуваме секаков вид на насилство и секоја форма на провокација која доведува до насилство. Темата за која протестира народот е бугаризација и асимилација која ја прави владата. Апелираме да не се подлегнува на насилното сценарио на власта и вечер повикуваме да се изолираат полициските  инфилтрати на минситерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и лица со маски кои не се дел од протестот. туку уфрлени провокатори, објавија во средата од опозицската ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо Спасовски и (премиерот Димитар) Ковачевски да бидат аналитичари на протестот нека си ја вршат работата и нека ги отстранат провокаторите кои имаат за цел дефокус. Осудуваме и секаков вид бруталност врз недолжни граѓани. Вечер во 19 часот, пред влада, Ултиматум не благодарам“, порачаа во ВМРО-ДПМНЕ.

Синоќешниот протест против францускиот предлог кој се пресели од пред Владата пред зградата на Собранието, ескалираше откако група демонстранти предводени од лица со маски на лицата фрлаа со разни предмети по кордонот на полицијата пред зградат.

Потоа дојде и до директен судир меѓу демонстрант и полицаец, а на видео снимката која се појави на социјалните мрежи и се гледа како специјалец крвнички удира еден граѓанин кој демонстрираше.

Министератвото за внатрешни работи објави дека биле повредени 47 полицајци, од кои двајца потешко, како и дека биле приведени 11 демонстранти. За повредени меѓу демонстрантите, полицијата ниту болнички извори не известија.

Претходно во средата и челникот на опозицската парламентарна партија Левица, Димитар Апасиев, во врска со вчерашните случувања на протестот пред Собранието, преку социјалните мрежи му порача на министерот за внатрешни работи дека приврзаниците на партијата „не влегле во стапицата на тајната полиција“ и дека се дистанцирале на 50-мина уфрлени провокатори со качулки од АНБ“.