ВМРО-ДПМНЕ: Еклатантно неспособната Арсовска да не дефокусира со лаги за јазикот, јавноста очекува решенија за јавниот превоз

Додека јавноста очекува решенија на Градот за јавниот превоз, еклатантно неспособната Арсовска го принудува директорот на „Паркови и зеленило“ да чита текстови напишани од консултантите на Град Скопје најмени за 4 милиони денари,  се вели во партиската реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ нема да се занимава со невистини и лаги пласирани од неспособната Арсовска. Јавноста денес очекува одговори зошто нема навремен и комплетен јавен превоз? И второ, Арсовска треба да одговори што се договорила на тајната средба со премиерот Ковачевски, на која присуствувал и Стевчо Јакимовски, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.