ВМРО-ДПМЕН и денеска ги објави фактите на денот поврзани со партијата која според нив е во заминување од власта.
Факти на денот: Канабис милиони за Заеви, поткуп на земјоделците пред избори
1.Аферата “Канабис милиони” на Заев покажува инфлација од лиценци на фирми блиски до власта и организиран рекет.
2.Противуставно Дескоска ќе зема пари и како министер и како член на Венецијанската комисија.
3.Извештаите покажуваат дека Македонија има хибриден режим, најниски плати и е најкорумпирана во Европа.
4.Две години од “европското” селфи на Заев, а Република Македонија сеуште без почеток на преговорите.
5.СДСМ знаејќи дека ќе ги изгуби изборите, прави поткуп на земјоделците со нивни пари.