ВМРО-ДПМНЕ има убедливи водство во втората и третата изборна единици

Според неофицијалните резултати на досега обработените гласови, ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство во изборните единици 2 и 3.

Во „двојката“ ВМРО-ДПМНЕ  има освоено  35.09 отсто од гласовите, а СДСМ 33.88 проценти.

Во Изборната единица 3, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 47.04 отсто од гласовите, а  СДСМ 42.82 отсто.

Тесна битка се води во ИЕ 4. Таму  45.67 отсто од гласовите има освоено ВМРО-ДПМНЕ, а  СДСМ 46.39 проценти.