ВМРО-ДПМНЕ на Конгресот во Валандово изгласа резолуција за осуда на политичкиот прогон организиран од СДСМ.
Конгресот го осуди политичкиот прогон спроведуван од СДСМ и монтираните судски постапки спроведени од СЈО и ОЈО, како и сите постапки поврзани со настаните од 27 април.
Главни причини и мотив за политичкиот прогон од СДСМ за лицата е заложбата за почитување и промоција на националните и државните интереси од страна на членовите, поддржувачите или симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ.
Тие повикаа на ревизија на сите случаи на политичкиот прогон на лицата кои што се обвинети, бидејќи како што кажаа, се спротивставуваат на политиките на Заев.